Европа денеска ќе го добие новиот првак во Лигата на шампиони, откако актуелниот шампион Магдебург беше елиминиран во полуфиналето на фајнл-фор завршницата.
Во битката за тронот силите ќе ги одмерат Барселона која е најтрофејна и Фуксе Берлин, мечот е закажан во 18 часот.
Претходно ќе следи мечот за третото место помеѓу Магдебург и Алборг (15 часот).
Ланксес Арена во Келн урна рекорд по посетеност кога станува збор за Ф4, а таму од лице место мечевите ги следи европската и светска икона Кирил Лазаров, кој е дел од историјата на Лигата на шампиони.
Македонскиот бомбардер е најдобриот стрелец во ова натпреварување, зад своето име запиша 1482 голови. Што се однесува до Ф4 завршницата најмногу голови има постигнато Хансен (81), Лазаров е на четвртото место со 68 гола, еден повеќе има Дика Мем.










