Башкими и Арсими во пресметка на “давениците“

0

Попладнево од 14 часот, во Куманово, пресметка меѓу Башкими и Арсими. Натпревар од голема важност за двете екипи, екипи кои се наоѓаат на 8. и 9.место на табелата, само пред “фенерџијата“ Скопје.

Ова ќе биде и пресметка на “давениците“. Башкими е во малку понеповолна ситуација ако се знае дека има освоено само 7 бода во изминатите 11 кола, само две победи и едно реми, додека тимот од Чегране има 10 бода освоено досега, две победи, четири ремија и пет порази.

Токму затоа велиме дека ова е натпревар од голема важност и за двете екипи, секој бод и тоа како ќе им биде добредојден и на Башкими и на Арсими. Реално нема фаворит, можеби кумановци се во мала предност со оглед на тоа што играат пред своите фанови, но и Арсими има што да каже на овој натпревар.

Кумановци на последните три меча забележаа само една победа, онаа против Струга ТЛ и два порази од Силекс и Тиквеш.

Арсими од друга страна сите три меча ги одигра на свој терен и забележа реми со Силекс, реми со Тиквеш и пораз од Брегалница.

Денешниот меч во Куманово ќе го суди Јован Качевски од Струга.

ПретходноТомовски: Фаворити сме, но Луксембург не смее да се потцени!