Фудбалерите на Јувентус го победија Наполи на својот стадион со резултат од 2:0 во дербито на 10-то коло од италијанската Серија А. Наполи во Торино беше начнат со фантастичен гол на светскиот фудбалски „бисер“ од Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, во 70-тата минута, а беше скршен во 87-мата минута, кога и Џереми Бога постигна ефектен гол. На овој начин, тренерот на „старата дама“ Лучано Спалети „преживеа“ натпревар кој можеше да го чини работа, а сега огромниот притисок ќе се префрли на неговиот колега од Наполи, Масимилијано Алегри. Јувентус е седми на табелата со 17 бода, што е 11 помалку од лидерот Лацио, додека Наполи е осми со 14 бода.










