И официјално: Кими е најмладиот светски првак во Формула 1!

50
ФОТО:facebook.com/Formula1/

Сега е готово. Од вечерва Формула 1 го има најмладиот светски првак во историјата. Тоа е Андреа Кими Антонели кој на 25 август наполни 20 години. Светски првак со само 20 години и 68 денови.

Италијанецот во Мерцедес едноставно беше најдобар, иако има уште трки да се возат сепак вечерва Кими на патеката во Мексико испиша историја. Тој е првиот Италијанец кој е светски првак по Алберто Аскари.May be an image of text

Браво Кими, кој во својата втора сезона успеа да дојде до титулата, во својата 40 трка во кариерата.

Вечерва тој заврши како трет зад легендарните Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Каква сцена на подиумот, кој тежеше дури 12 светски титули.

Италија е во облаци, Италија по долго, долго време стана има светски првак во Формула 1.

По завршување невидено славје во семејството на Кими, во таборот на Мерведес, како и фановите кои оваа сезона навиваа за фантастичниот Италијанец.

И уште еднаш:

КИМИ АНТОНЕЛИ Е СВЕТСКИ ПРВАК ВО ФОРМУЛА 1

БРАВО КИМИ!

ПретходноВо дербито на Баскија: Билбао подобар од Сосиедад!
СледноГРАНДЕ КИМИ: Еве како славеше најмладиот светски првак со своето семејство! (ВИДЕО)