Нојер е нов рекордер на Германија

65
фото: Instant Foot (X)

Легендарниот голман на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер, денес повторно собори мноштво рекорди. 40-годишниот голман се врати во Бундес-тимот и започна од првата минута на натпреварот против Курасао.

Нојер со тоа сега е највозрасниот германски играч кој играл на Светско првенство, со 40 години, 2 месеци и 19 дена. Голманот на Баерн игра и на своето петто Светско првенство, подвиг што го постигна само рекордерот Лотар Матеус.

ПретходноПолувреме: Без голови на дуелот меѓу „лалињата“ и „самураите“
СледноЛудо второ полувреме во Далас: „Самураите“ изборија бод против Холандија (ВИДЕО)