Историја: И Новак ја “поздрави“ првата победа на Хамилтон со Ферари, катастрофа за Кими!(ВИДЕО)

182
ФОТО:x.com/F1

Луис Хамилтон уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1. Денеска на патеката на ГН на Каталуња, победи Хамилтон, ова е прва победа на Луис откако е во Ферари или вкупно 106 во кариерата.

Интересно, Новак Ѓоковиќ со црно – белото знаме означи крај на трката, па така тој прв ја “поздрави“ оваа историска победа на Хамилтон.

На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и една трка во Белгија, кога ја забележа својата последна победа зад воланот на Мерцедес, по дисквалификацијата на неговиот тогашен сововозач, Џорџ Расел.
За Британецот, првата победа во Ферари е 106-та вкупно во неговата кариера, а тој стана и 11-тиот возач кој стигна до највисокото ниво на подиумот со три тима во Формула 1. Во таа избрана група се, меѓу другите, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Нелсон Пике и Ники Лауда.
Возачот на Ферари ја прекина победничката серија на Кими Антонели од Мерцедес, кој беше незапирлив во претходните пет трки, но мораше да се повлече поради дефект. Италијанецот во тој момент ја држеше втората позиција, а поради таа ситуација трката речиси заврши зад виртуелното безбедносно возило.На крајот, Британецот славеше пред Расел, кој заостануваше повеќе од 20 секунди на целта, додека актуелниот шампион Ландо Норис беше на третото скалило од подиумот.

ПретходноФ4:Магдебург подобар од Алборг во “утешното финале“
СледноТинејџерот кој го сопре Бразил: Беше капитен на Франција, а сега е ѕвезда на Мароко!