Историја: Курасао ја „тресеше“ Германија! (ВИДЕО)

149
ФОТО: printscreen

Вечерва во Хјустон, во меч од групата Е испишана е историја на Мундијалите. Имено дебитантот, селекцијата на Курасао, земја од околу 150.000 жители, го постигна својот прв гол на СП и тоа против една Германија. Се играше 21.минута кога Комененција успеа да израмни на 1:1 и го шокира некогашниот четирикратен светски шампион, туку и цел фудбалски свет.

Следуваше невидена еуфорија кај играчите на Курасасо и кај фановите на таа селекција. Па така четата на селекторот Дик Адвокат имаше резултат од 1:1 цели 17.минути кога Шлотенберг во 38.минута погоди за ново водство на Германија од 2:1. Во судиското продолжение во ова прво полувреме, Германија од пенал успеа преку да дојде до 3:1.

Колку за потсетување, четата на селекторот Јулиан Нагелсман преку Нмеча во 6.минута погоди за 1:0.

И дефинитивно Курасао покажа дека знае да игра добар фудбал по првото полувреме против една Германија. Ќе видиме како ќе се одвиваат настаните во продолжение од оваа средба.

ПретходноТри тесни сета во Глифада, на крајот втор пораз во Европската лига
СледноРеал за 50 милиони евра го договори Кукуреља од Челзи!