Аморим и дефинитивно е новиот стратег на Милан

88

Рубен Аморим е победник во трката за нов тренер на тимот на Милан. Летово се лицитираше со голем број на имиња кои се нотираа како фаворити за тренерското столче на Сан Сиро, но португалецот се покажа очигледно како најдобрата варијанта според менаџментот на клубот.

Речиси сите медиуми во Италија денеска ја прогласија трката по нов тренер на Милан готова и го претставија португалецот како победник во истата.

Некогашниот тренер на Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед не остана предолг период без работа, откако неславно си замина од Олд Трафорд.

ПретходноМаурицио Сари и официјално е нов тренер на Аталанта
СледноПо Штип УГД: Работнички и Јанта Волеј пријавија учество во европските купови