Зеленортските острови ја запреа Шпанија за првa сензација на Мундијалот

103

Еден од најголемите фаворити за светската титула, репрезентацијата на Шпанија, не успеа да слави на првиот меч на СП и дозволи првокласна сензација ремизирајќи без голови против Зеленортските острови.

Фудбалерите на Шпанија пристигнаа на Светското првенство како фаворити, но денеска не успеаја да ја потврдат таа улога. Африканската селекција, која дебитира на светските првенства, успеа да ги ограничи нападите на Шпанија и на крајот да постигне сензационален резултат.

Од почетокот до самиот крај, топката постојано беше во нозете на Шпанците, но Зеленортските острови одлично се бранеа. Голем херој на африканската селекција е 40-годишниот дебитант Возиња, кој бранеше фантастично, особено во првото полувреме од средбата.

Ламин Јамал кој не беше стартер, влез ево игра во вториот дел, но не успеа да ја однесе Шпанија до победа.

ПретходноЗвучи неверојатно: Центарфорот на Шпанија не ја допре топката 30 минути, нов анти-рекорд на СП
СледноМладата велосипедистка Стојановска сребрена на Балканското првенство во БиХ