Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

95
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло од Групата „I“ на Светското првенство 2026 против Сенегал, кој победи со 3:1.
Ова беа 13-ти и 14-ти голови за Мбапе во неговиот 15-ти натпревар на светските првенства. Меси има 13 гола, но тие беа постигнати на 26 натпревари одиграни на најголемиот фудбалски форум. Рекордер е Мирослав Клоsе со 16 гола, по него следува Роналдо со 15, а Герд Милер и Мбапе имаат по 14. Головите против Сенегал беа број 57 и 58 за Мбапе со „петлите“. Тој го надмина Оливие Жиру, кој до денес беше единствен лидер на престижната ранг-листа.
На Жиру му беа потребни 137 натпревари за да ги достигне своите 57 гола, додека Мбапе постигна 58 гола на 99 натпревари со репрезентацијата.

 

ПретходноСупер Мбапе, магија на Олисе, победа на Франција!(ВИДЕО)