Попладнево од 16 часот во Нион, УЕФА ќе ја направи ждрепката за првото и второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Нашиот првак Вардар се враќа во елитното друшто на Европа по десетгодишна пауза.
Утрово УЕФА ги скрати можните ривали на „црвено-црните“, па така сега фокусот е на:
Шамрок (Р.Ирска)
КуПС (Финска)
Рига (Летонија)
Флора (Естонија)
Ларне (С. Ирска)
ТНС (Велс)
Линколн РИ (Гиб)
Одлична вест од Нион со оглед на тоа дека Вардар за можни ривали доби екипи кои не се од елитата и клубови кои може да се победат и не се од типот на Кајрат, Борац Бања Лука, Универзитатеа Крајова…
Сезоната во Лигата на шампионите почнува со првото квалификациско коло, кое на програмата е на 6/7 јули а реваншите се закажани за14/15 јули.
Како што е познато Вардар има еден од најслабите рејтинзи од сите клубови кои оваа сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите и затоа ќе биде во делот на клубови кои се не-носители.
Како и да е со оглед на буџетот, скапиот ростер и многу фалениот нов стручен штаб без разлика на тоа со кого ќе игра од Вардар очекуваме да го мине првото коло. И да биде елиминиран ќе има втора шанса и ќе игра во второто квалификациско коло од Конференциската лига со ривал од оние кои ќе загубат во првото елиминациско коло од Лигата на шампионите.
Минатата сезона „црвено-црните“ ја елиминираа Ла Фиорита од Сан Марино а загубија од Лозана во квалификациите за Конференциската лига.











