Лиридон Љатифи се одјави: „Благодарам Шкендија…“

116

Во Шкендија ќе има тектонски промени во играчкиот кадар, а клубот синоќа само неколку минути пред да замине на подготовки во Словенија го ангажираше Артим Положани за нов тренер на екипата. Но, во автобусот не се качија многу од првотимците од минатата сезона, а еден од оние кои во ноќните часови ја потврди разделбата со клубот беше Лиридон Љатифи.

Крилниот напаѓач на социјалните мрежи се одјави од Шкендија со зборовите:

„Се разделуваме во две прекрасни години полни со успех. Ти Благодарам Шкендија, Ти благодарам Тетово“.

Љатифи беше еден од најдобрите во Шкендија во историските сезони а за клубот од Тетово тој одигра 55 натпревари и постигна 11 голови.

За интернационалецот од Албанија има голем интерес од екипи од Косово како Дрита и Балкани.

ПретходноКЛ: Аматери на менито на Шкендија, пекол во најава за Силекс
СледноПонижување до бескрај: Уругвајците претресувани како најголеми криминалци (ВИДЕО)