Михаил Маневски наскоро ќе се приклучи на тренинзите на Вардар, и со тоа дефинитивно ќе стави крај на паузата поради повреда.
Левиот бек го пропушти финишот на сезоната поради повреда, а сега полека се враќа во тренажен процес.
Тој веќе неколку дена како работи индивидуално на подготовките на Вардар во Норчиа, Италија, и наскоро ќе треба да е способен да се приклучи на тимот.
Тоа би требало да се случи веќе на стартот на следната недела. Вардар во Италија веќе одигра и еден пријателски меч, а наскоро ќе бидат познати и противниците за останатите мечеви.















