Екипата на Силекс е наш освојувач на Купот за изминатата сезона, и како таков е исто така наш претставник во Европа. Кратовци имаат задача добро да се подготват, очекувајќи го противникот во текот на денешниот ден, а во меѓувреме се договараат и деталите за останатите активности.
Дефитнивно тимот заминива во Охрид на подготовки, стандардната база на клубот. Имаше опција да се замине и за Банско, но истата отпадна.
Се заминува во нашиот туристички центар на 20. јуни, а веќе е договорен и тест дуел. На 23. јуни се игра против албанскиот лигаш Динамо Тирана.
Останатите пријателски средби ќе се знаат во текот на неделава.















