Струмица 47&72 извади виза за Европа

37

Поранешниот македонски првак Струмица 47&72 ќе биде меѓу претставниците на македонската клупска одбојка во новата сезона во ЦЕВ европските клупски купови. По шампионот Штип УГД, како и женските клубови – првакот Работнички Скопје и Јанта Волеј Кисела Вода, струмичани го искористија последниот ден за доставување на апликација за настап во Европа во сезоната 2026/2027.

Струмица 47&72 пријави учество во ЦЕВ Челинџ купот и заедно со Штип УГД ќе бидат вториот машки претставник во европските клупски купови.

Како и останатите клубови така и струмичкиот состав противникот ќе го добие на ждрепката закажана за 15 јули во Луксембург.

По ланската рекордна сезона со дури пет претставници во Европа, оваа година повторно имаме убава бројка од два машки и два женски клуба на меѓународната сцена.

ПретходноФИБА ги одреди официјалните лица за претстојните Европски младински првенства
СледноСтруга ТЛ му се заблагодари на Бојан Илиевски