Маневски тргна со индивидуални тренинзи, следната недела е дел од екипата

84

Михаил Маневски наскоро ќе се приклучи на тренинзите на Вардар, и со тоа дефинитивно ќе стави крај на паузата поради повреда.

Левиот бек го пропушти финишот на сезоната поради повреда, а сега полека се враќа во тренажен процес.

Тој веќе неколку дена како работи индивидуално на подготовките на Вардар во Норчиа, Италија, и наскоро ќе треба да е способен да се приклучи на тимот.

Тоа би требало да се случи веќе на стартот на следната недела. Вардар во Италија веќе одигра и еден пријателски меч, а наскоро ќе бидат познати и противниците за останатите мечеви.

 

ПретходноПотпишана Декларација за намери за спречување на насилството меѓу младите – Спортот како најсилна алатка за градење на здрави вредности
СледноЛК:Шкендија доби ривал од Гибралтар, Силекс на мегдан со Динамо Минск!