И дефинитивно и официјално. Првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Динамо Минск и Силекс, на 9 јули, ќе се игра на неутрален терен и тоа во Бугарија.
Градот Стара Загора ќе биде домаќин на овој меч и тоа на стадионот на Берое. Ова е поради фактот дека УЕФА не им дозволува на клубовите од Белорусија да бидат домаќини во фудбалска Европа поради војната во Украина.
Инаку познато е дека реваншот од овој двомеч меѓу македонскиот и белорускиот тим се игра на 16 јули и тоа на теренот на ФФМ.
Во случај кратовци да ја минат оваа пречка, тогаш во 2.квалификациско коло ги чека двомеч со Нефчи (Азербејџан).










