Гледи Мици не е веќе играч на Струга ТЛ!

49

По истекот на договорот, Гледи Мици го заврши својот престој во Струга ТЛ. Фудбалерот од Тирана дојде во Струга Трим Лум минатото лето, забележувајќи вкупно 30 настапи во првенството и купот.
Неговото искуство дојде до израз во некои од натпреварите, па така од клубот истакнуваат дека се цени неговиот придонес даден во дресот на клубот од Струга.

Инаку Мици пред извесно време долги години беше член и на Шкендија. Интернационалецот од Албанија и во Шкендија и во Струга ТЛ имаше забележителни настапи.

Ова значи дека раководството на Струга ТЛ, ако се знае дека се раздели со неколку играчи, ќе мора да биде активно во летниот преоден рок.

ПретходноКратовци гостуваат во Бугарија: Динамо Минск – Силекс се игра во Стара Загора!
СледноКуПС за засили со играч за врска за дуелите со Вардар