Кратовци гостуваат во Бугарија: Динамо Минск – Силекс се игра во Стара Загора!

69

И дефинитивно и официјално. Првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Динамо Минск и Силекс, на 9 јули, ќе се игра на неутрален терен и тоа во Бугарија.

Градот Стара Загора ќе биде домаќин на овој меч и тоа на стадионот на Берое. Ова е поради фактот дека УЕФА не им дозволува на клубовите од Белорусија да бидат домаќини во фудбалска Европа поради војната во Украина.

Инаку познато е дека реваншот од овој двомеч меѓу македонскиот и белорускиот тим се игра на 16 јули и тоа на теренот на ФФМ.

Во случај кратовци да ја минат оваа пречка, тогаш во 2.квалификациско коло ги чека двомеч со Нефчи (Азербејџан).

ПретходноЛК 2.квалификациско коло: Лесно за Шкендија, тешко за Силекс, и Вардар го дозна евентуалниот ривал!
СледноГледи Мици не е веќе играч на Струга ТЛ!