Томи Јоору се врати во КуПС и е промовиеран како големо засилување во средниот ред во тимот на првакот од Финска пред квалификациските дуели од Лигата на шампионите против Вардар. Станува збор за 27 годвишен фудбалер кој ја го има и репрезентативниот статус во својата земја, но и покрај неколкуте повици тој се уште го чека дебито за својата земја.
Она што е интересно е тоа дека Јоору во изминатата сезона настапуваше во романската екипа Петролул од Плоешти каде играше во тандем со екс-вардарецот Даниел Донгмо. Споменатиот фудбалер пред три сезони има настапувано за КуПС па така тој доаѓа во позната средина и е најавен како големо заслување за „жолто-црните“.
Во Финска сега почна летниот преоден рок а КуПС најави дена нема да прават големи измени во тимот кој сега е поскап за 700.000 евра колку што е и цената на Томи Јоору на фудбалската берза (Вардар нема играч со ваква цифра).










