ЛК: Познати се можните противници на Шкендија и Силекс во втората квалификациска рунда!

179

Денеска во 14 часот, во Нион ќе се одржи ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.Откако вчера Шкендија и Силекс ги дознаа своите ривали за стартното коло, сега се во очекување и на нивните евентуални мечеви во втората рунда.

Инаку Шкендија се среќава со Европа а Силекс против Динамо Минск на 9 и 16 јули.

Утринава УЕФА скрати списокот со екипите пред ждрепката како можни ривали на Шкендија и Силекс.

Па така Шкендија за ривал може да добие една од следните екипи или двојки од победниците од 1.коло:

No description available.

-ДАЦ (Словачка)

-Дечиќ (Ц.Гора) – Лиепаја (Летонија)

-Пакси (Унгарија)

-Браво (Словенија)

-ЦСКА Софија (Бугарија) – Дери Сити (Ирска).

Шкендија е носител.

Ова се можните ривали на Силекс ако го мине првото коло:No description available.

-Нефчи (Азербејџан)

-Дила Гори (Грузија) – Виртус (Сан Марино)

-Хапоел Тел – Авив (Израел)

-Шериф (Молдавија) – Алуминиј (Словенија)

-Валета (Малта)

И Силекс е носител поради рејтингот на Динамо Минск.

Во случај на елиминација на Вардар на стартот од КуПС во Лигата на Шампините, тогаш “црвено – црните“ ќе играат во 2.коло во Лигата на Конференции, а таму можни ривали се поразените екипи од “шампионскиот пат“ се:No description available.

-Арарат (Ерменија) – Рига (Летонија)

-Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс)

-Кауно Жалгирис (Литванија) – Дрита (Косово)

Натпреварите од Второто коло во Лига Конференции се закажани за 23 и 30 јули.

ПретходноВардар носител во второто коло, нема дуели со Црвена Звезда, Динамо Загреб…
СледноМеси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!