Експедицијата на Шкендија веќе е во Словенија, во својата база Терме Чатеж каде до крајот на месецот ќе се подготвува за тоа што ја чека прво во фудбалска Европа, а потоа и во новата сезона во ПМФЛ 2026/27.
Познато е дека тетовци во Артим Положани имаат нов стратег, а познато е и со кого Шкендија во овој период ќе одигра пријателски натпревари.
На 19 јули противник ќе биде составот на Копер (Словенија). Потоа на 23 јули тетовци ќе се тестираат со Хајдук (Хрватска), а на 27 јули со Цеље (Словенија). За крај на подготовките во Словенија, Шкендија ќе одигра пријателска или тест средба со составот Зорја (Украина).
Инаку познато е дека Шкендија во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќава со Европа од Гибралтар.















