Спалети го посакува Дијамантот во Јувентус!

110
ФОТО:.facebook.com/SSCNapoli/

Елиф Елмас во Јувентус? Па, и не е така невозможно. Како што пренесуваат медиумите во Италија, како и инсајдерите, можно е да оствари овој трансфер и тоа по желба на стратегот на гигантот од Торино, Лучиано Спалети.

Откако претходно го тренираше во Наполи, Лучијано Спалети е заинтересиран за Елиф Елмас. Тренерот на Јувентус има голем респект кон Македонецот, со кого ја сподели годината на освојување на Скудетото со Наполи“. Не е исклучено дека би можел да се смета за засилување на тимот на Јувентус. Македонскит репрезентативец е роден роден во 1999 година, тој е позајмен во Наполи од Лајпциг со опција за откуп. Играч од средниот ред, може да игра и во и надвор од шеснаесетникот, па дури и зад напаѓачите.

ПретходноНов газда, нов тренер – си оди ли Влатко Костов од Брегалница!?
СледноШкендија во Словенија ќе се тестира со Хајдук, Цеље, Копер…