Шкендија во Словенија ќе се тестира со Хајдук, Цеље, Копер…

47
ФОТО:kfshkendija.com/

Експедицијата на Шкендија веќе е во Словенија, во својата база Терме Чатеж каде до крајот на месецот ќе се подготвува за тоа што ја чека прво во фудбалска Европа, а потоа и во новата сезона во ПМФЛ 2026/27.

Познато е дека тетовци во Артим Положани имаат нов стратег, а познато е и со кого Шкендија во овој период ќе одигра пријателски натпревари.

На 19 јули противник ќе биде составот на Копер (Словенија). Потоа на 23 јули тетовци ќе се тестираат со Хајдук (Хрватска), а на 27 јули со Цеље (Словенија). За крај на подготовките во Словенија, Шкендија ќе одигра пријателска или тест средба со составот Зорја (Украина).

Инаку познато е дека Шкендија во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќава со Европа од Гибралтар.

ПретходноСпалети го посакува Дијамантот во Јувентус!
СледноДешамп „згрмел“ на полувреме па французите одиграа ТОП втор дел, а Меси е фудбалскиот бог дефинитивно