Денеска во 14 часот, во Нион ќе се одржи ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.Откако вчера Шкендија и Силекс ги дознаа своите ривали за стартното коло, сега се во очекување и на нивните евентуални мечеви во втората рунда.
Инаку Шкендија се среќава со Европа а Силекс против Динамо Минск на 9 и 16 јули.
Утринава УЕФА скрати списокот со екипите пред ждрепката како можни ривали на Шкендија и Силекс.
Па така Шкендија за ривал може да добие една од следните екипи или двојки од победниците од 1.коло:

-ДАЦ (Словачка)
-Дечиќ (Ц.Гора) – Лиепаја (Летонија)
-Пакси (Унгарија)
-Браво (Словенија)
-ЦСКА Софија (Бугарија) – Дери Сити (Ирска).
Шкендија е носител.
Ова се можните ривали на Силекс ако го мине првото коло:
-Нефчи (Азербејџан)
-Дила Гори (Грузија) – Виртус (Сан Марино)
-Хапоел Тел – Авив (Израел)
-Шериф (Молдавија) – Алуминиј (Словенија)
-Валета (Малта)
И Силекс е носител поради рејтингот на Динамо Минск.
Во случај на елиминација на Вардар на стартот од КуПС во Лигата на Шампините, тогаш “црвено – црните“ ќе играат во 2.коло во Лигата на Конференции, а таму можни ривали се поразените екипи од “шампионскиот пат“ се:
-Арарат (Ерменија) – Рига (Летонија)
-Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс)
-Кауно Жалгирис (Литванија) – Дрита (Косово)
Натпреварите од Второто коло во Лига Конференции се закажани за 23 и 30 јули.










