Македонскиот кошаркарски репрезентатвец Ненад Димитријевиќ со 19 поени му донесе голема победа на Баерн (М) во трката за шампионската титула во Германија. „Баварците“ поведоа со 2-1 во дуелот со Алба Берлин откако денеска на гости славеа со 83-91.
Нено постигна 19 поени со шест асистенции и еден скок. Мечот го заврши на две минути пред крајот поради пет лични грешки.










