Во рамки на подготовките, младинската репрезентација на Македонија (М20) одигра контролен натпревар против кадетската репрезентација (М18), во кој младинците славеа со резултат 34:27.
Натпреварот беше одлична можност за проверка на формата, воигрување на составите и стекнување дополнително натпреварувачко искуство за двете селекции.
Следниот контролен натпревар меѓу младинската (М20) и кадетската (М18) репрезентација на Македонија ќе се одигра на 6 ноември 2026 година (петок), со почеток во 12:00 часот.










