После две години Брестовац се раздели со Ал Араби

81

Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовавц повеќе не е тренар на Ал Араби. Нашиот стратег кој сезоната ја заврши со шампионска титула во катарскиот шампионат, одлучи после две години да ја заврши својата мисија во овој клуб.

Од доаѓањето на Брестовац, Ал Араби своите клупски витрини ги исполни со бројни пехари меѓу кои и шампионскиот. Нашиот стратег освои се што можете да се освои во Катар, од тимот си оди со шест освоени пехари.

Поранешниот македонски селектор во тимот на Ал Араби дојде од Ал Сафа. Претходно беше селектор на Обединетите Арапски Емирати.

Во својата кариера покрај Металург и Тиквеш, работеше во Шамбери (Франција), Ред Бојс (Луксембург) и во последните години на Блискиот Исток како тренер на Ал Мудар.

ПретходноПретседателот нареди: Утре во Узбекистан сите на работа три часа подоцна!
СледноНово европско разочарување: Роналдо и Португалија анемични, само бод против ДР Конго (ВИДЕО)