Бразил без Нејмар и против Хаити

67

На големо разочарување пред се на бразилскиот народ, Нејмар нема да биде дел ниту од вториот меч на нивната репрезентација на Мундијалот против селекцијата на Хаити.

Официјалната информација е дека селекторот Анчелоти одлучи Нејмар да не патува воопшто на овој меч туку да остане во базата и да се опоравува дополнително, за да евентуално биде способен за настап во третото коло или пак елиминациите.

Нејмар пристигна повреден во репрезентативниот камп, и го мачи истегнување на листот.

Мечот со Хаити се игра во Филаделфија во 02:00 часот в сабота по македонско време.

 

ПретходноОфицијално: Киву е тренер на Интер до 2028 година
СледноШвајцарија се разигра, Босна се распадна (ВИДЕО)