Официјално: Вардар – КуПС на 7 јули од 19 часот на Арената во Скопје!

87

Сега е и официјално. Вардар својот прв меч во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против КуПС ќе го игра на 7 јули (вторник) со почеток од 19 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Ова го потврдија и од таборот на нашиот шампион кого го чека тешка битка против составот од Финска.

Реваншот во Финска за седум дена од првиот меч во Скопје.

Инаку познато е дека ако Вардар успее да ја мине оваа пречка тогаш во 2.квалификациско коло во ЛШ ќе ги одмери силите со победникот од мечот Сабах – ТНС.

Во случај да биде елиминиран од КуПС тогаш во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќава со поразениот од двомечот Арарат – Рига.

ПретходноИ натаму без наши клубови: АБА лигата се прошири на 20 екипи, Цибона се врати а ќе игра и Слован од Словачка
СледноЛиста на стрелци по првиот круг: Меси, Меси, Меси…