Вардар победи на вториот контролен меч во Норчиа

173

Денеска актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Вардар, на базичните подготовки во Норчиа, Италија го одигра вториот пријателски меч.

Во дуелот со Селеционе Сполерто Валнерина, Вардар обезбеди победа од 4:1. Головите беа постигнати во првиот дел, и се дело на Бабунски, Закариќ, Омерагиќ и Торес.

Вардар продолжува со активностите на подготовките во Италија, планира да одигра уште неколку средби, пред да се врати во Скопје, и дефинитивно да се посвети на дуелот од квалификациите за Лигата на Шампионите против тимот на КуПС од Финска.

Вардар: Талевски, Јанкулов, Матиќ, Велковски, Пулиео Босанчиќ, Бабунски Закариќ Родригез Омерагиќ Торес

Второ полувреме: Диковски Мишковски Најдовски Мурџевски Јефтовски Пиреш Данев Тодоровски Јаков Николов Дурански

ПретходноПотврда од страна на финансиската полиција: Истрагата за ФФМ донесе 12 уапсени лица, за штета проценета од над 180 милиони денари
СледноНикој веќе нема да му се смее на Реал: Перез со 220 милиони евра тргнува по Олисе!