Во Кратово се подготвува летна „БОМБА“…. Марко Ѓорѓиевски прави кам бек во Силекс

236

Екипата на Силекс е нашиот претставник во европските купови ова лето. Поточно, кратовци се дел од квалификациите за Лигата на Конференции, а во премиерниот настап имаа екстра тешка задача пред себе. Играат со тимот на Динамо Минкс.

Па според тоа, тимот мора и адекватно да се засили, за да се претстави во добро светло. Па така, Спортспорт дознава дека кратовци се во сериозни преговори во своите редови да го вратат, Марко Ѓорѓиевски, напаѓачот кој што во редовите на Силекс одигра екстра па минатото лето направи трансфер во Романија во тимот на Клуж.

Сепак, оваа негова епизода во странство немаше среќен крај. Напаѓачот најпрво го смени клубот, замина во Херманштад, но и таму немаше некоја забележителна улога.

Сега, во потрага по минутажа и враќање на добрата форма, Силекс му нуди повторно соработка, а во следните неколку дена ќе видиме дали истата и ќе се оствари.

 

ПретходноПуштени во продажба билетите за мечот Вардар – КуПС (ЛИНК)
СледноДали шаман ја донесе победата на Гана?!(ВИДЕО)