Никој веќе нема да му се смее на Реал: Перез со 220 милиони евра тргнува по Олисе!

135
фото: DFL Deutsche Fußball Liga (X)

И дефинитивно Реал Мадрид создава брутален тим. “Кралевите“ повеќе не сакаат да дозволат сезона без трофеј и потсмев од сите страни, па затоа Жозе Мурињо ќе има брутално скап тим направен по негова желба. Следниот потег е понуда за Михаел Олисе.

По Светското првенство, Реал Мадрид ќе даде сè од себе за францускиот репрезентативец Мајкл Олисе.
Според информациите што доаѓаат од Шпанија, 24-годишниот крилен напаѓач е некој за кого „Кралевите“ нема да штедат пари. Тие се подготвени да испратат една од најголемите понуди во историјата на фудбалот.
„Реал Мадрид размислува да испрати понуда поголема од 200 милиони евра за Мајкл Олисе“, се наведува.
За потсетување, моменталниот рекорд го држи Нејмар, кој се пресели од Барселона во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра. Лесно може да се случи рекордот на крајот да падне, но ќе видиме како ќе изгледа првата понуда на кралскиот клуб. Се шпекулира дека може да изнесува 220 милиони.

ПретходноВардар победи на вториот контролен меч во Норчиа
СледноЧешка поведе, но Јужна Африка избори реми (ВИДЕО)