Чешка поведе, но Јужна Африка избори реми (ВИДЕО)

26

Во мечот одигран во Атланта, САД, на тековното Светско првенство кое што покрај во оваа земја се одржува и во Мексико и Канада, репрезентациите на Чешка и Јужна Африка предмалку одиграа реми со резултат 1:1.

Чесите одлично го започнаа мечот и поведоа по само шест минути игра. Грешката во потесната одбрана на Јужна Африка ја искористи Садилек кој реализираше за водство од 1:0.

Резултатот не се промени се до самиот финиш на мечот кога Јужа Африка доби пенал во 80. минута и можност да израмни. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Мокоена.

До крајот обете селекции се обидоа нешто во нападот, но не успеаа да го променат резултатот.

За овие две селекции ова беше втор дуел на овој Мундијал, а прв освоен бод. Во групата А, Мексико и Јужна Кореја со три бода од еден дуел додека Чешка и Јужна Африка ќе се надеваат дека во третото коло ќе обезбедат следна фаза.

ПретходноНикој веќе нема да му се смее на Реал: Перез со 220 милиони евра тргнува по Олисе!
СледноНов шок на Мундијалот: За репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема канадска виза!!!