Нашиот најдобар атлетичар, Андреас Трајковски, натпреварувачот во скок во далечина, е предводник на нашата експедиција која што во следните денови ќе биде дел од Балканскиот шампионат кој што ќе се одржи во Волос.
Трајковски ќе настапи утре со почеток во 19:50 часот, а конкуренцијата ќе биде исклучително силна. Во финалето ќе настапат и двајца од најдобрите светски скокачи во далечина – олимпискиот шампион Митиадис Тентонглоу од Грција и актуелниот европски првак Божидар Сарабојуков од Бугарија.
Да потсетиме, на минатогодишното Балканско првенство, Андреас го освои бронзениот медал.










