Главната трибина на Градскиот стадион во Тетово замина во историјата (ВИДЕО)

453

Градскиот стадион во Тетово, и дефинитивно добива сосема нов лик. Старите трибини повеќе ги нема, срушени се и на нивно место ќе се градат сосема нови, модерни, и според најнови стандарди.
Откако изминатиов период се работеше на трите останати, во моментов и главната трибина на Градскиот стадион во Тетово се руши, и истата заминува во историјата.

Овој легендарен фудбалски објект е изграден пред неколку децении, а сега според потребите на ФК Шкендија и ФК Тетекс ќе добие сосема нов лик.

Што се однесува пак до мечевите следната сезона, Шкендија ќе стартува со своите домашни активности во Гостивар се до финализирање на градежните активности во Тетово.

ПретходноСловенија, Хрватска и Унгарија опции за Андреј Јовчевски
СледноШкендија и Положани со победа стартуваа на подготовките во Словенија