Во Нион денеска беше извршена ждрепката за главната рунда од квалификациите за Светското првенство во футсал во 2028 година. Македонската футсал репрезентација е во група со Шпанија и Финска.
Натпреварите од квалификациските групи ќе се играат дома и на гости меѓу декември 2026 и март 2027 година.
12-те победници од групите и четирите најдобри второпласирани ќе се квалификуваат во елитната рунда. Останатите осум второпласирани се квалификуваат за плејофот од главната рунда.
До завршувањето на квалификациите во април 2028 година, седум европски екипи ќе бидат потврдени како учесници на завршниот турнир, а доколку земјата која од УЕФА ќе биде избрана за домаќин и добие автоматско место, само шест места ќе бидат слободни за квалификантите од Стариот континент.










