Уште една очекувана победа на нашите одбојкари во новата сезона од Европската лига. Вечерва во Приштина, Македонија во три сета беше подобра од Косово и ја оствари планираната трета победа во овој дел од натпреварувањето.
МАКЕДОНИЈА – КОСОВО 3:0 (25:12, 25:19, 27:25)
Иако во првите два сета доминиравме и не му дозволивме на противникот да се приближи до нашето водствот, третиот сет изненадувачки донесе драматична завршница. Многуте грешки, пред се на сервисот, не доведоа во ситуација грчевито да се бориме за секој поен, откако Косово дојде до 23:17. На сервис на Кристијан Илијев, успеавме да направиме низа од 6:0 и да израмниме (23.23), а потоа во два наврати да одбраниме сет-поен на Косово и со пресврт да дојдеме до 27:25 за конечна победа.
Никола Ѓоргиев со 15 поени беше најефикасен во нашиот состав, додека одличен ефект имаше и Стојан Илиев кој реализираше 11 поени.
Макеоднија веќе утре во истиот термин и на истиот терен ќе го одигра и последниот меч за оваа сезона во Европската лига против селекцијата на Израел.










