Боатенг: Ако Роналдо е тимски играч ќе се тргне и ќе ги остави младите да блеснат

94
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Кевин-Принс Боатенг, зборуваше за Кристијано Роналдо по настапот на напаѓачот на португалската репрезентација на натпреварот од Светското првенство во 2026 година против ДР Конго (1:1).

„Може ли да бидам искрен? Роналдо, доколку беше тимски играч, ќе се повлечеше и ќе ги пуштeше младите да блеснат. На Португалија ѝ е подобро без него. Кога е во средниот ред, е под огромен притисок бидејќи сите сакаат да му додаваат. Ако Португалија сака да има шанса да стигне далеку, мислам дека Роналдо треба да се повлече. Нека играат другите, a тој ќе излезе на теренот во последните 15-20 минути од натпреварот за да го добие резултатот“, рече Кевин-Принс Боатенг.

ПретходноПо една недела: На ова Светско веќе има повеќе црвени картони отколку на целото во Катар!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: A.Б. ОД ЖЕЛИНО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.140.125 ДЕНАРИ