Искусниот напаѓач, Марко Симоновски е нов играч на екипата на Шкендија Арачиново.
Некогашниот македонски репрезентативец и интернационалец ја менува средината, и од Башкими заминува кај новиот прволигаш.
Шкендија Арачиново очигледно дека сериозно се подготвува за она што следува, а тоа е прволигашката сезона. Токму затоа денеска се промовирани двајца искусни играчи како нови членови.
Најпрво тоа беше Бесир Демири, а еве сега тука е и Марко Симоновски. Бразилецот Лемос од претходно е промовиран како нов член на Шкендија.















