Загрижувачки пораз: Македонија имаше повеќе загубени топки отколку дадени поени

177

После убедливиот триумф над Молдавија, денеска нашата женска репрезентација „Под 17“ години запиша убедлив пораз на турнирот „Rising Stars“ во Букурешт.

Селекторот, Виктор Петровски и неговите избранички беа совладани од домаќинот Романија со 58:27. Она што загрижува на овој натпревар е што нашите надежи имаа повеќе загубени топки (вкупно 35) отколку дадени поени, скромни 27. Од 35 загубени топку, 11 беа на Груевска.

Противникот доминираше во сите 40. минути, а Македонија во ниту една четвртина не успеа да ја дојде до двоцифрен број на поени.

Ова е уште еден знак дека женската кошарка и натаму се движи во лош правец и засега се носат одлуки кои не носат никаков напредок. Молдавија не е мерило на силите…

ПретходноБањаја победи на спринтот во Брно
СледноКејт Даглас постави нов светски рекорд на 50 метри слободно (ВИДЕО)