Со голот на Франк Кеси во 31.минута, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска има сензационално водство од 1:0 на мечот против Германија кој се игра вечерва во Торонто во рамките на 2.коло во групата Е. Треба веднаш да се каже дека на Германците два гола им беа поништени, поради фаул врз голманот и поради офсајд.
“Панцерите“ имаа и шанси преку Хаверц, но и “Слоновите“ можеа да одат на пауза и со поголемо водство.
Во секој случај супер интересни први 45+7.минути колку што се играше во Торонто во првото полувреме.










