Капитенот на Работнички со трансфер во Шкендија Арачиново!(ВИДЕО)

142
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Бесир Демири (31) е најновото и можеби најголемото засилување на Шкендија Арачиново, дебитантот во нашиот елитен фудбалски шампионат.

Раководството на тимот од Арачиново ноќеска се пофали со довчерашниот капитен на Работнички и некогаш фудбалер на Вардар, Шкендија, Шкупи а имаше и интернационална кариера во Украина, Словачка, Албанија, Косово.

Се разбиран дека со Демири тимот на Шкендија Арачиново и тоа како ќе биде засилен во дефанзивниот среден ред. Инаку Бесир Демири е играч кој може да игра на неколку позиции во тимот. Интересно, Бесир Демири потекнува од овој клуб од Арачиново.

Од клубот најавуваат дека ќе има уште пријатни изненадувања во однос на трансферите во овој летен преоден рок.

ПретходноТурците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!
СледноНБА Европа не чека на Евролигата: Одиме понатаму со или без нив!