Ослабената Македонија со пораз од Израел

86
ФОТО:facebook.com/volleyballmkd

Вечерва во Приштина, во последниот меч од Европската Лига 2026, нашата најдобра одвојкарска селекција беше убедливо поразена од Израел со 0:3 во сетови. Веднаш да кажеме дека селекторот Јошко Миленкоски на овој меч не можеше да смета на двајвца свои стартери, Маџунков и Љафтов.

Македонските одбојкари го дадоа својот максимум за да дојдат до што побар резултат, ама сепак големиот фаворит успеа да слави со максимални 3:0 во сетови.

Првите два сета одбојкарите на Израел ги добија со по 25:19, додека третиот заврши со резултат 25:14.

Ова беше третиот пораз на Македонија во шесте одиграни натпревари и засега се наоѓа на 16.место на табелата.

ПретходноИсторија: Мечот меѓу Тунис и Јапонија ќе биде јубилеен 1.000 на СП!
СледноДрама кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)