Скандал на Мундијалот: Името на легендата која е непожелна во Турција се појави стадион!

188

Турција остана без шанса да се квалификува во нокаут фазата по само два натпревари. Натпреварот од последното коло против домаќините САД стана чиста формалност.

Сепак, нешто друго предизвика огромна возбуда во Турција – појавувањето на името на Хакан Шукур на големата табла со резултати на стадионот Санта Клара.

Легендарниот турски напаѓач, најдобар стрелец на сите времиња во репрезентацијата со 51 гол на 112 натпревари, со години е непожелен во својата земја. Поради обвинувања за врски со терористичкото движење ФЕТО, неговото име беше избришано од турскиот фудбал, а тој самиот живее во егзил во Калифорнија.

Некој одлучи да плати 79 долари за да се појави посебен поздрав за Шукур на стадионот пред почетокот на натпреварот.

Неговото име се појави на екранот неколку пати, што предизвика вистинска возбуда во турските медиуми и меѓу политичарите.

„Не знаеме како се случи ова. Во шок сме“, беа првите реакции на турските новинари.

Шукур, кој сега заработува за живот возејќи такси, продавајќи книги и работејќи во ресторан, се огласи по натпреварот:

„Жал ми е. Моето семејство беше на натпреварот и со нетрпение го очекував последниот натпревар. За жал, Турција стана првата екипа што се збогува со Светското првенство“.

Во Турција, овој настан веќе се нарекува провокација и организирана саботажа. Сепак, факт е дека Хакан Шукур останува една од најголемите икони на турскиот фудбал, херојот на Светското првенство во 2002 година, кого политичките забрани не можат да го избришат од историјата.

ПретходноСенегалците во чудење – што ли направи Федерацијата со парите?
СледноМакедонскиот кошаркарски бисер ќе игра во НЦАА-лига