Фернандо Гаго доживеа срцев удар (ВИДЕО)

190

Легендарниот аргентински фудбалер Фернандо Гаго, кој што сега работи како тренер доживеа срцев удар.

Ужасната вест ја пренесоа локалните медиуми кои што наведуваат дека инцидентот се случил за време на прес конференцијата која што Гаго ја држел како тренер на тимот на Универзидад де Чиле пред дуелот со О‘Хигинс.

На видеото од пресот се приметува дека Гаго не се чувствува најдобро, и дека говори со потешкотии.

За да по завршувањето на прес конференцијата, тој веднаш биде пренесен во болница, а потоа и опериран.

Клубот објави официјално соопштение во кое ја увери јавноста дека Гаго „е во добра состојба“.

 

 

 

 

 

ПретходноРоналдињо се враќа во фудбалот!
СледноНа денешен ден пред точно педесет години настана легендарната „Паненка“(ВИДЕО)