Ведрана се закити со злато на Г1 турнирот во Сараево

106

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески од Таеквондо клуб Бутел освои златниот медал на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен во категоријата кадетки до 51 килограм.

Во првото коло Тунески беше слободна како прв носител, а потоа следуваа победите над Доргу од Турција со 2:0, над Ткачева од Русија со 2:0, над Сивиќ од БиХ со 2:0 во полуфиналето и во финалето триумф над Гушева од Русија со 2:0.

ПретходноМодриќ против Панама испишува историја!
СледноУбедлив пораз за Македонија на „контролата“ со Бугарија