Андреас Трајковски четврти на Балканот!

44

Андреас Трајковски го освои 4. место во скок во далечина на Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, кое овој викенд се одржува во Волос, Грција.

Својот најдобар резултат Андреас го оствари во шестата серија, кога скокна 7,68 метри, што му го донесе четвртото место во исклучително силна конкуренција.

Борбата за медалите беше на највисоко ниво, а за место на победничкиот подиум беше потребен скок над 8 метри.

Златниот медал го освои Гркот Милтиадис Тентоглу со скок од 8,36 метри, додека големо изненадување приреди младиот српски атлетичар Лука Бошковиќ, кој со резултат од 8,19 метри го освои сребрениот медал. Бронзата му припадна на актуелниот европски првак Божидар Сарабујуков од Бугарија, кој скокна 8,04 метри.

Андреас веќе следниот викенд повторно ќе настапи во скок во далечина, овој пат на Националното првенство на Македонија кое ќе се одржи во Скопје.

ПретходноПовредата му го уништи Светското првенство и трансферот во Реал
СледноЕве зошто Жељко се врати во Панатинаикос: Договор вреден 12 милиони евра! (ФОТО)