Иранците станаа највозрасната селекција која некогаш заиграла на Мундијал!

71
фото: DStv Uganda @DStvUganda (X)

Иранската репрезентација на вечерашниот меч со Белгија го има највозрасниот тим кој некогаш истрчал на меч од Светско првенство.

Просечната возраст на почетниот состав на Иран е 32 години и 181 ден, што е највисока во историјата на Светските првенства.

Само тројца ирански фудбалери се под 30 години: дефанзивецот Салех Хардани (27 години и 177 дена), напаѓачот Мохамед Мохеби (27 години и 183 дена) и играчот од средниот ред Саид Езатолахи (29 години и 263 дена).

Најстариот играч во иранската репрезентација е 37-годишниот Шоџа Калилзадех.

ПретходноЗаре Марковски на клупата на романска Крајова
СледноРафиња останува на СП, Бразилците ќе го чекаат за осминафинале