Баерн и Нено пропуштија предност од 20 поени и ја загубија титулата во Германија

163
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Кошаркарите на Алба на сензационален начин ја освоија титулата шампион на Германија. Во „мајсторката“ против Баерн (М) на гостински терен, Алба направи неверојатно враќање од -20 поени и на крајот славеше за титула. 

Екипата од Берлин денес го победи Баерн Минхен со резултат 84:81 и ја доби серијата со 3:2.

Ова беше последниот натпревар во одличната тренерска кариера на Светислав Пешиќ, славниот Србин кој планираше да се збогува со титула. Баерн водеше со 47:27, но второто полувреме донесе вистински „ураган“ од Берлин.

Нашиот Нено Димитријевиќ одигра 22 минути за Баерн, постигна 6 поени и имаше уште 2 скока и 4 асистенции.

ПретходноНеверојатно: Јапонска дисциплина и кога слават на улиците на Токио!(ВИДЕО)
СледноМодриќ против Панама испишува историја!